Од први април почнува либерализацијата на пазарот за набавка на електрична енергија. Формирана е балансна група на компании кои потпишале договор со ЕДС и кој е доставен до Регулаторната комисија за енергетика.
Од компанијата ЕДС посочуваат дека одложувањето на овој процес им оставил простор сериозно да се подготват за предизвикот.
“Нашата компанија има одлични цени и услови. Ја имаме најголемата балансна група, а тоа значи исполнување на сите обврски без никакви пречки. Кога ја немате поддршката на балансната група, ризикот за набавка и продажба на струја по дадени услови е голем. ЕДС понуди и се уште нуди пониска цена, сигурност и квалитет на испорака на електрична енергија”, изјави Кочо Анѓушев, сопственик на ЕДС.
Посочуваат дека компаниите кои потпишале договор пред почетокот на либерализацијата на пазарот ќе добијат до 20% поевтина струја.
Покрај големите индустриски капацитети кои се снабдуваат со струја од ЕДС, со формирањето на најголемата балансна група ќе им се придружат уште 40% од македонските компании кои имаат над 50 вработени.