Најновиот концепт на јапонскиот авто гигант е комбинација на забава и најнови технологии. Toyota FV2, кој е прикажан на 2014 Geneva Motor Show, има три тркала, но нема волан. Ништо чудно автомобилите од иднината да изгледаат токму вака – технолошкиот напредок освоил апсолутно се. Идејата е FV2 да се обиде да се поврзе со возачот на секаков начин – физички и емоционално. FV2 врти како што се движи телото, лево и десно или нанапред – наназад за да забрза или да закочи.
Со текот на времето возилото ќе почне да го препознава расположението на корисникот како што коњот го чувствува јавачот. Автомобилот ќе комуницира благодарение на интонацијата на гласот и движењето на мускулите на лицето, а потоа од базата на податоци од дестинации ќе одлучи каде да вози.
Ветробранското стакло е вистински дисплеј кој ќе може да се регулира според вашето расположение. Возењето е безбедно, бидејќи концептот се поврзува со останатите автомобили од сообраќајот.