НЛБ го намалува бројот на филијали и банкомати

78

nlbНова љубљанска банка (НЛБ) на почетокот на април во Словенија ќе затвори 22 филијали и преку 70 банкомати, поради реорганизација и оптимизација на работењето, соопштуваат од банката, пишува љубљанско Дело.

Во најголемата словенечка банка, во втората фаза на реорганизација и оптимизација прифатена минатата година, ќе се укинат 141 работно место. Со реструктуирањето, бројот на вработени за две години треба да се намали за 20%. Водечката словенечка банка во државна сопственост, мерките за реструктуирање ги презема согласно барањата и на Европската комисија. Во првата фаза НЛБ отпушти 228 вработени. Со отпуштањата во рамките на втората фаза, НЛБ планира да заштеди 28 милиони евра на плати.

НЛБ во својата мрежа има 143 филијали и 638 банкомати. Минатата година банката забележа загуба од околу 1,5 милијарди евра.