Фриком треба да плати три милиони евра казна

201

frikomКомпанијата за производство на замрзната храна Фриком од Белград е казнета со скоро три милиони евра поради злоупотреба на доминантната положба на пазарот.

Врховниот касациски суд го одби барањето на Фриком да се преиспита судската пресуда на Управниот суд, со која беше потврдено решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата за злоупотреба на доминантната положба. Комисијата во ноември 2012 изрече мерка плаќање парична казна во износ од скоро три милиони евра (301.950.520 динари), пишуваат српските медиуми.

Казната е изречена затоа што Фриком со договорите што ги склучувал со малопродажните трговци во периодот од 2008 до 2010 година ги обврувал целосно и доследно да ги применуваат цените утврдени со тарифникот на компанијата и директно или индиректно им забранувал да продаваат конкурентски производи.

Фриком е во мнозинска сопственост на хрватскиот концерн Агрокор.