Маркард со инвестиција од 35 милиони евра и 600 вработувања во Велес

47

Германската компанија Маркард ќе почне со изградба на својот капацитет кај Велес во април или мај годинава. Планира да ја заврши изградбата до март следната година, а производството да почне во јуни 2015 година.
Ова го најави менаџерот од корпорацијата Лудгер Шонекер, кој посочи дека клучен фактор за да инвестираат во Македонија било пријателското расположение кон бизнисот и искреноста кон инвеститорите.
“Разговаравме и со други компании и скоро сите ни го кажаа истото, дека земјата поседува добра работна сила, хендикепот е недостатокот на искуство кај луѓето, но тие се мотивирани и добро образовани, така што ако се стават во позиција можат да ја извршат работата”, рече Шонекер.
Инвестицијата е вредна 35 милиони евра, а се планираат вработувања на 500 до 600 лица во наредните четири до пет години.
Како што посочи Шонекер, производите од капацитетот во Македонија ќе се испорачуваат до главната централа на компанијата во Германија, а од таму до нивните клиенти. Меѓу клинетите се Дајмлер, БМВ, Ауди, Фолксваген.