Меркатор ги намалува цените на 10.000 производи

58

merkatorНајголемиот словенечки трговски ланец Меркатор вчера започна акција Гарантираме најниски цени, со која ги намалува цените на 10.000 производи од сите групи, за ценовно да се приближи до конкурентите, трговските ланци Spar, Tuš, Lidl и Hofer.

Меркатор соопшти дека ќе постави и интернет портал каде потрошувачите во секој момент ќе можат да проверат поединечни цени на 800 најпродавани производи во Меркатор и конкурентните ланци.

“Нашата основна филозофија е дека мора да бидеме најевтини и потрошувачот мора да добие најмногу за своите пари. Цените ќе се прегледуваат неделно, а ако некој од конкурентите ја намали цената, истото веднаш ќе го направи и Меркатор”, велат од компанијата.

Засега акцијата ќе се применува само во Словенија, каде Меркатор има 540 продажни центри. Во 2007 пазарниот удел на Меркатор во словенечката малопродажба изнесуваше меѓу 35% и 37%, а сега се движи нешто повеќе од 30%.

Меркатор е присутен уште во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија.