Scania ја одби понудата на Volkswagen

32

2004 Scania R 580 4x2 Topline  tractor unit. Photo: Stefan Almers 03916-1 Управниот одбор на компанијата Scania препорача да се одбие добиената понуда од Volkswagen за купување на преостанатите акции, бидејќи истата ја смета за прениска.
Понудата на Volkswagen е тешка 6,7 милјарди евра и со неа не се одржува долгорочнаната фундаментална вредност на Scania.
“Scania е глобален лидер во индустријата и Управниот одбор има верба во деловниот план”, стои во официјалното соопштение.
Volkswagen и MAN заедно поседуваат 62,6% од капиталот на Scania, односно 89,2% од гласачките права.