Црна Гора бара 35 милиони евра за здравствениот центар во Игало

56

cgТендерска документација за доставување понуди за купување 56,5% државни акции во Институтот др. Симо Милошевиќ во Игало достави и лондонската International Wellness limited Group, а веќе тоа го стори и азербејџанската Азмонт, пишува Вијести.

Понудите можат да се достават до 29 април, а во тендерската комисија очекуваат да се пријават уште компании. Заинтересираните за Институтот не можат да понудат помалку од 10 милиони евра за мнозинска сопственост на најголемата и најпознатата институција за мултидисциплинарно бањско лечење на Медитеранот. Минималните инвестиции во медицинска опрема мораат да бидат пет милиони евра, а во Институтот најмалку 20 милиони евра.

Право на учество имаат оние што поседуваат најмалку еден центар за рехабилитација или хотел, односно хотелски комплекс. Обврска е во последните три години понудувачот да има вкупен приход од најмалку 100 милиони евра.

Ова е четврт обид на Владата на Црна Гора, од 2008 година па наваму, да го продаде Институтот.