Со отворениот ден за одбраните 23 кандидати и првиот воведен тренинг ЕВН Македонија официјално ја започна специјализираната програма за обука и вработување на млади кадри Trainees 2014.
На отворениот конкурс кој ЕВН Македонија го објави на почетокот на годината пристигнаа 530 апликации, а по спроведените тестирања и интервјуа беа одбрани новите учесници со електро-техничко образование и од областа на општествените науки.
“Тие по принципот на ротација низ техничките и комерцијални оддели, како и Корисничките енерго центри (КЕЦ) на ЕВН ќе специјализираат во област соодветна на нивниот образовен профил. За секој учесник ќе биде одговорен ментор, специјалист вработен во ЕВН Македонија, кој ќе го воведе во работните процеси и ќе го следи и оценува секој напредок за што ќе се формира мислење по секоја ротација во одделите на ЕВН. Програмата завршува со заеднички проект и понуда за работно место за оние што ќе сакаат да ја продолжат кариерата во ЕВН Македонија, а кои што покажале одлични резултати”, велат од компанијата.
Посочуваат дека програмата за обука и вработување на млади кадри веќе пет години се практикува и надградува.
Од 2007 година досега, над 70 дипломирани студенти или апсолвенти на факултетите за електротехнички, економски и правни науки ја минале оваа програма. Над 90% од нив се вработиле во ЕВН Македонија, а некои од првите генерации веќе имаат раководни позиции во компанијата.
Почетна Новости Македонија ЕВН започна со спроведување на програмата за обука на млади кадри Trainees...