Целосна либерализиција на транспортот и со Хрватска

47

Почнувајќи од од 1-ви јануари идната година, превозот на стока меѓу Република Македонија и Република Хрватска ќе биде целосно либерализиран.

Македонско-хрватската мешовита комисија за меѓународен патен сообраќај потпиша протокол со кој од Нова Година билатералниот и транзитниот превоз за превозниците од двете земји ќе се одвива без режим на дозволи. Ова беше соопштено од Министерството за транспорт и врски.

Македонско-хрватската мешовита комисија за меѓународен патен сообраќај потпишала протокол со кој од Нова Година се укинува квотата на дозволи за билатерален превоз кои досега меѓусебно ги разменуваа двете земји.

Преку овие активности веќе e овозможено целосно либерализирање на превозот со Чешка, Словачка, Велика Британија, Швајцарија, Унгарија и Босна и Херцеговина, а олеснети се процедурите за дополнителни дозволи за земјите со кои се остварува економска размена, како Италија, Бугарија, Романија, Турција, Србија и други, се надполнува во соопштението.