Македонската нафтена компанија ја подобри позицијата за 10 места и се искачи на 335 позиција. Како и минатите години, полската нафтена компанија ПКН Орлен со приход 25,9 милијарди евра и унгарската МОЛ со 19 милијарди евра се задржаа на водечките позиции, додека чешка Шкода е на високото трето место веќе две години.
Вкупниот приход од продажбата на 500 водечки компании во централна Европа изнецува над 707 милијадри евра во 2011 година. Компаниите забележале пораст на приходите од 9,8%. Просечната нето добивка на компаниите во 2011 година опаднала 3,5%, што укажува на забавување на растот.
Најголем број од компаниите меѓу Топ 500 доаѓаат од секторите потрошувачка и транспорт, а по број на пласирани фирми од енергетскиот сектор. Полска е лидер – од таму се рангирани 167 компании. Следуваат Чешка со 84, Унгарија со 58 , Укранина 50 и Романија 31. Од регионот, Словенија има 17 компании кои се најдоа на ранг листата, Хрватска има 13, додека Србија и Бугарија по 11 компании.