Фармацевтската индустрија Крка од Ново Место е најголемата извозна компанија во Словенија според табелата што ја објави Дело. Во 2013 година, Крка од извоз заработила преку 1,11 милијарди евра, што е околу 5% од вкупниот словенечки извоз. Крка минатата година го зголеми извозот за 6% и така по две години го презеде првото место на листата најголеми словенички извозници од Горење, кој се најде на втората позиција.
Понатаму следуваат автомобилската индустрија Ревоз, група СИЈ (Словенечка индустрија на челик) и Импол.
Најважен извозен партнер на компаниите што ги анкетирал Дело е Германија, во која е извезена стока за 4,45 милијарди евра, а потоа следуваат Италија, Австрија и Хрватска.