Дипломиран инженер по технологија, Иван Смајловиќ (37) патентираше нов концепт кој ја открива автентичноста на виното, пишува Новости.
“Станува збор за нов концепт кој ги детектира илегалните произведувачки пракси во производството на вино како што се додатокот на шеќер и вода. Може да открие дали виното доаѓа од одредена винарија, насад, како и дали е со заштитено географско потекло. Производната технологија е отидена толку далеку што технолозите од нешто што не е грозје можат да направат да изгледа како да е произведено од грозје. Овој вид на аналитика е толку специфична и чувствителна, што за секое вино прави посебен “отпечаток од прст”. Технологот може да ги намести алкохолот, шеќерот, киселоста, но не и изотопскиот состав”, вели Смајловиќ.
Новиот концепт на анализа може да ги заштити брендовите во алкохолната индустрија, да се разликуваат од фалсификатите на пазарот и да ги раздвои легалните произведувачи од илегалните трговци.