Сегашната контрола на млеко и млечни производи во БиХ не е ефикасна ниту ефективна и затоа БиХ не може да извезува млеко во Европската унија, се наведува во извештајот на Одделот за здравје и грижа за потрошувачите на Европската комисија, објавен на 26 март, пишуваат медиумите во БиХ.
“На лошиот квалитет на производите влијае недостатокот на професионален надзор. Квалитетот на сировото млеко е загрижувачки. Само неколку произведувачи на млеко се придржуваат до критериумите за квалитет на млеко пропишани во ЕУ и поради тоа количината на сирово млеко произведено во БиХ не може да ги задоволи стандардите за извоз од Унијата”, стои во извештајот.