Успешно реализиран првиот саем за женско претприемништво за ЈИЕ

18

Во присуство на преку 100 делегати од 10 земји од регионот, од 3 до 5 април успешно беше организиран и реализиран првиот саем за женско претприемништво во Дубровник, Хрватска. Саемот беше организиран од организацијата Gender Task Force (GTF), во рамки на FCEM  – Светскиот собир на меѓународни бизнис жени.

Саемот е една од активностите во рамки на тригодишниот проект Женско претприемништво – мотор за создавање на работни места во ЈИЕ чиј носител е Советот за регионална соработка. Финансиран е од страна на шведската организација Swedish International Development Agency (SIDA), со цел промовирање на најдобрите пракси во женското претприемништво и изградба на национални и регионални женски мрежи и здруженија.

Во рамки на настанот, покрај саемот на кој беа разменети креативни искуства и идеи, се одржаа и B2B средби, работилници и панел дискусии за развој на женското претприемништво.

Имплементатори за Македонија на проектот се Здружението на бизнис жени од Македонија, како и Националниот совет за родова еднаквост.

Како резултат на повеќегодишната успешна соработка, Здружението на бизнис жени од Македонија водено од Валентина Дисоска како претседател, со посебни признанија стана член на Светската организација на бизнис жени.

На саемот присуствуваа и претставници од Македонија од сите комори, бизнис сектор и невладин сектор.