Специјалната жолта ракија на Тиквеш доби златен медал во Бугарија

68

zoltaЕдинствената македонска природна жолта лозова ракија со ознаката VS (Very Special) на винарската визба Тиквеш е наградена со златен медал за висок квалитет од страна на жирито на интернационалниот натпревар на вина и жестоки пијалаци Винарија 2014, што се одржа во Пловдив, Бугарија.

Златниот медал за жолтата VS ракија на ВВ Тиквеш и е доделен во категоријата гроздови ракии стари над три години, во конкуренција на 400 брендови од 51 производители од бројни земји.
“Ова е голема чест и признание за овој наш уникатен бренд и тоа од меѓународен натпревар на кој учествуваме за првпат. Оваа специјална жолта ракија е совршена комбинација од најдобрата македонска традиција, огромното знаење и искуство на Тиквеш и современите светски трендови и вкусови, што придонесува таа да биде ставена во иста категорија како некои француски коњаци, италијанската грапа или англиското бренди“, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, маркетинг менаџер на Тиквеш.

Жолтата ракија со ознака VS на Тиквеш по многу нејзини карактеристики е уникатен жесток пијалак кој се произведува на природен начин, од висококвалитетен гроздов дестилат стареен во дабови буриња повеќе од пет години. За разлика од останатите традиционални ракии присутни на македонскиот пазар, кои се со јачина околу 40%, кај VS таа изнесува 45%, што претставува уште една уникатна карактеристика на овој висококвалитетен жесток пијалок.