Промоција на прирачникот Силни жени во транспортот

54

Во организација на Синдикатот за транспорт и врски денес во Скопје ќе биде промовиран прирачникот за обука за родово организирање Силни жени во транспортот, на македонски јазик.

Прирачникот, кој е под авторска палка на Европската федерација на транспортни работници (ЕТФ) со седиште во Брисел, ќе биде промовиран од страна на политичкиот секретар на ЕТФ за родова еднаквост, Кристина Тилинг.

Овој прирачник претставува едукативна публикација наменета пред се за синдикално организирање на жените во транспортниот сектор, но и во другите сегменти на економијата.

Промоцијата на прирачникот е дел од активностите што Синдикатот за транспорт и врски ги презема по повод Меѓународниот ден на елиминација на насилството врз жената. Покрај ова планирано е да се одржи и семинар на тема Родовата еднаковост во транспортниот сектор во Република Македонија.