Сараево доби продавница за домашни производи на мали произведувачи

53

medВо Сараево е отворена првата продавница за домашни производи произведени од мали произведувачи. Целта на овој проект е да се поддржат малите произведувачи да го најдат своето место на пазарот, а од друга страна да им се понуди на потрошувачите квалитетен домашен производ.

Проектот го спроведоа германската невладина организација Help – Hilfe zur Selbsthilfe e.V. и локалното здружение за развој и афирмација НОДАС, пренесуваат медиумите во БиХ.

“На овој начин ќе им се овозможи на малите произведувачи понатамошен развој на постоечките производни капацитети и поттикнување на стандардизацијата и сертификација на производството, што е еден од ословните предуслови за опстанок на домашниот пазар”, вели Алмин Аџовиќ, претставник на Help за БиХ.

Во продавницата ќе се продаваат производи од различни региони на Босна и Херцеговина, како мед и производи од мед, млечни производи, природни чаеви, овошје и зеленчук и производи од нив, брашно и др.