Вип ја промовираше пролетната понуда

46

vip

Телекомуникацискиот оператор Вип ја објави пролетната промотивна понуда за пост пејд корисниците, која ќе важи до 15-ти мај.

Корисниците кои ќе го обноват својот Вип постпејд договор на 24 месеци, ќе имаат можност за претплата од 555 денари да добијат бесплатни неограничени разговори кон сите мрежи, бесплатни неограничени СМС пораки кон сите мрежи и неограничен интернет вклучени во претплатата.

По искоритувањето на вклучениот 1 GB 3G интернет, брзината се намалува на 32 kbps. Корисниците кои во текот на промотивниот период ќе склучат договор заедно со промоцијата го добиваат и одличниот LG Optimus L4 II, Android паметен телефон за цена од 999 денари.

„Продолжуваме да им нудиме секогаш повеќе на нашите корисници. И оваа пролет им излегуваме в пресрет на потребите и барањата на нашите корисници за неограничена и слободна комуникација во движење. И со оваа промоција покажуваме уште еднаш дека нашиот фокус е секогаш кон задоволување на комуникациските потреби на корисниците“, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.