Општините Дојран и Кукуш во соработка со фондацијата Хуманополис добија зелено светло за имплементација на проект вреден 800.000 евра.
Регионалниот развоен проект беше пријавен на третиот повик за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција и ќе вклучува изградба на првиот и единствен cable-wake парк во регионот токму на Дојранското езеро, што ќе го доближи Дојран рамо до рамо со големите европски и туристички дестинации.
Cable-wake паркот претставува парк за скијање на вода и алтернативни адреналински спортови, исклучително популарни низ Европа и САД.
Општина Дојран како свесна општина за многуте можности за развој, продолжува со понатамошна успешна европска и регионална интеграција на Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија.