Armani плати 270 милиони евра данок

53

armaniМодната куќа Giorgio Armani платила 270 милиони евра данок на италијанските власти, пренесува тамошниот весник Sole 24 ore.

Портпаролот на компанијата ја потврдил информацијата и рекол дека станува збор за плаќање на странските претставништва на компанијата, но одбил да открие повеќе детали.

Сите даночни побарувања од Armani, кој ја зголеми продажбата на повеќе од две милијарди евра во 2012-та година, сега се целосно подмирени.

Минатата година, дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана беа осудени на прикривање на данок од неколку милиони евра. Тие поднеле жалба на затворската казна од 20 месеци.