Изборна седница на Федерацијата на фармери на Македонија

43

Изборна седница на Редовното Годишно собрание на Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) ќе се одржи денеска во Скопје.

Изборите во Федерацијата на фармерите се спроведуваат според изборен модел кој е двостепен и пропорционален и се избира Управен одбор на ФФРМ составен од седум членови.

Изборите во Федерацијата на фармерите се спроведуваат на две нивоа, односно се одржаа регионални собранија (регионалните собранија се одржаа во скопскиот, гостиварскиот, битолскиот, струмичкиот и кочанскиот регион за Мрежата на млади фармери и Мрежата на жени-фармери) на коишто се избраа 63 делегати кои ќе учествуваат на  Генералното изборно собрание и ќе избираат управувачка структура на Федерацијата на фармерите на Македонија.

На собранието ќе присуствуваат 63 делегати од различни региони на државата и ќе присуствуваат претставници од владини и невладини институции со кои соработува ФФРМ.

Предвидено е на свечениот дел од седницата да се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.