Подобрување на состојбата во преработувачката индустрија во октомври

50

Економската состојба на фирмите во преработувачката индустрија во октомври е поповолна во однос на состојбата во септември годинава, а понеповолна споредена со октомври лани, објави Државниот завод за статистика.

Поповолна е оценката за обезбеденоста на производството со порачки и за обемот на производството, но очекувањата за обемот на производството и за бројот на вработените во наредните три месеци се понеповолни.

Во октомври годинава залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи се намалени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври годинава изнесува 58,4% од нормалното искористување.

На ограничувањето на обемот на производството во октомври најмногу влијаеле недоволната странска побарувачка (23,5%), недоволната домашна побарувачка (17,7%), финансиските проблеми (13,7%) и неизвесното економско опкружување (8,6%).