Федерацијата на фармери на Македонија доби ново раководство

51

Федерацијата на фармери на Македонија (ФФРМ) ја избра новата управувачка структура на организацијата.

Никола Стаменов, Љупче Станковски, Стеванче Јордановски, Мемет Синани, Глигорчо Димитриев, Љубица Џониќ, Тимо Крстев се новите членови на Управниот одбор на ФФРМ, кои делегатите на Собранието на Федерацијата на фармерите на РМ едногласно со 54 гласа ги избра.

Македонските земјоделци треба да се здружат и да го применуваат принципот на договорно производство ако сакаат да бидат успешни и конкурентни, е пораката која денеска беше упатена на  Годишно собрание на Федерацијата на фармери.

На Годишната седница на Генералното собрание  се разгледуваа извештаите од работењето на ФФРМ во изминатата година, како и активностите кои Федерацијата планира да ги спроведува во 2014 година.

Извршниот директор на ФФРМ, Стеван Орозовиќ, истакна дека во иднина ќе се работи на проекти и активности кои ќе овозможат јакнење на земјоделското претприемништво.

Оваа година од страна на Обединетите нации е прогласена за Меѓународна година на Семејно земјоделство. Според официјалните светски податоци, постојат повеќе од 500 милиони семејни фарми кои опфаќаат 80% од фармите во светот.