iPhone за нула денари во новата понуда на Вип

48

iphoneВип корисниците од денеска ќе можат да одберат iPhone паметни телефони кои ќе им бидат достапни на македонските граѓани по цени започнувајќи од 0 денари за моделот iPhone 4S (верзија од 8GB) во тарифниот модел Vip Free + Nolimit + со договорна обврска на 24 месеци.

Освен овој модел во понудата ќе бидат достапни и моделите iPhone 5S (верзија од 16GB) и iPhone 5C (верзија од 8 GB).

“Воведувањето на многу посакуваните iPhone паметни телефони во портфолиото на Вип претставува уште една потврда дека Вип секогаш и на секој можен начин настојува да ги препознае и пресретне барањата на своите корисници. Во неколку наврати веќе докажавме дека им ги нудиме на македонските граѓани современите технолошки достигнувања во индустријата по најповолни цени и со сигурност ќе продолжиме да ја следиме таа насока и во иднина”, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.

Најновата понуда – iPhone за 0 денари е достапна во сите Вип центри ширум Македонија и е реализирана во соработка со Телеком Австрија Групацијата, чиј член е и Вип оператор.