Чесите заинтересирани за вината на Стоби

113

photo 3Жилавка и Вранец Веритас на Винарија Стоби посебно интересни автохтони сорти за Чесите. Винаријата беше дел од најголемото винско шоу во Прага, Чешка, каде ги претстави своите премиум вина Chardonnay Barrique, merlot Barrique, Surah, Vranec veritas, Aminta, Rose Allegro, Roxana.

Презентацијата на Стоби на Меѓународното винско шоу опфаќаше уште и мастер клас на автохтони сорти од Македонија, каде што беа претставени токму Жилавка и Вранец Веритас. Мастер класот го водеше познатиот чешки сомелијер Иво Дворак.

“Винарија Стоби со дел од своите производи веќе е присутна на чешкиот пазар, но, со учеството на вакви настани ја зацврстуваме својата позиција со што стануваме се попопуларни кај купувачите. Се надеваме дека овие презентации значајно ќе го зголемат интересот за нашите вина и воедно ќе станеме попрепознатливи како автентичен вински регион со автохтони сорти“, изјави Јадранка Клариќ Кимовска, комерцијален директор на Винарија Стоби.

Меѓународното винско шоу е настан на кој се присутни винарии од држави од целиот свет како Соединетите Американски држави, Франција, Шпанија, Италија, Словенија, Германија како и бројни домашни, чешки винарии.

Покрај винското шоу, Стоби беше дел и од саемот Вино и деликатеси каде се претстави со поширока палета на производи, кои се веќе присутни на чешкиот пазар.

Присуството на винските настани во Чешка на Винарија Стоби беше поддржано од Министерството за земјоделство, како и македонската амбасада во Чешка и од амбасадорот Паскал Стојчески.