Италија ќе им помага на малите и средни претпријатија

54

Италија планира драстично да ги намали трошоците на внесување на акциите на мали и средни претпријатија во берзанските котации.

“Проектот би требало да биде завршен брзо, можеби во рок од неколку месеци”, изјави претседателот на италијанската регулаторна агенција за финансиски пазар Consob, Џузепе Вегас.

Во котацијата на Миланската берза, излистани се акции на 324 компании, што е малку во однос на големината на италијанската економија која главно се состои од мали фамилијарни компании. Нивните акции не се внесени во берзанската котација.

Вегас изјави дека целта на овој план е да се намалат трошоците на внесување во берзанските котации преку ангажман на специјализирани инвестициски фондови кои би пружале менаџерски услуги, односно финансиска поддршка, како и преку ублажени регулаторски барања на период од три години.