Сојузот на синдикати (ССМ) ќе поднесе иницијатива за измени и дополнувања на Законот за безбедност и здравје при работа, со што ќе го одбележи први мај, Меѓународниот ден на трудот.
“За обезбедување безбедни и сигурни работни места, покрај претставник за безбедност при работа од компанијата во спроведувањето на сите активности треба да има и претседателот на синдикалната организација“, смета претседателот на ССМ, Живко Митревски.
Според него, ингеренциите да ги има и претстедателот на синдикалната организација и преку него да се обезбеди соодветно место во рамки на спроведувањето на сите активности кои ги има не само претставникот за безбедност, туку да ги има и претседателот на синдикалната организација.
Целта на овие законски измени, како што рече тој, е да анимираат што повеќе членови, кои ќе одат кон активноста да ги обезбедат и осигуруваат работните места.
Сојузот на Синдикати на Македонија се приклучи и кон одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28-ми април, потенцирајќи дека безбедноста и здравјето на работа на работниците и сигурноста на работните места, претставуваат основа за обезбедување на сигурноста на работниците.