Патент на годината: Минерално ѓубре од комунални отпадни води

62

http://www.dreamstime.com/-image2748753Проектот, на пронаоѓачите Ресми Зиба, Момчула Јорданоски, Валентина Пеливанова и Ајро Ваит, за преработка на талог од комунални отпадни води и добивање органско – минерално ѓубриво е Патент за 2013-та година.

“Отпадот што го создава човекот, го претворивме во минерално ѓубре кое има голема употребна вредност и дава одлични резултати во земјоделството“, изјави Пеливанова.

Таа истакна дека изумот нема да остане само на хартија, а целта е од овој прототип да создаде модерен капацитет преку кој ќе треба да го реши проблемот со талогот од пречистителните станици.

Станува збор за нова технолошка постапка за добивање органско-минерално ѓубриво преку пастеризација на отпадниот талог и добивање микробиолошки исправен талог, како и третирање на пастеризираниот талог при што потребните компоненти се дозираат се до добивање комбинирано ѓубриво.

Пронаоѓачите на овој проект, освен Патент на годината, добија и златен медал од стручното жири, златен медал од Меѓународната федерација на здруженијата на инвентори, златен медал и диплома од Здружението на пронајдувачи на Полска, како и диплома од Асоцијацијата на жени иноватори во БиХ.

Во рамки на манифестацијата награди им беа доделени и на Игор Захариев и Ристо Чавдаров за пронајдокот Мехатронички модул – управување до пет пумпи со двојна повратна врска, алармен систем со визуелизација, ултразвучна регулација и мобилна контрола на Драги Рашковски за Систем и уреди за електронско спроведување на сите форми на посредна и непосредбна демократија, на Веле Нелковски за Елементи за универзално брзо монтажно скеле – платформа, како и на Мирко Узелац за Аброзивни чисталици за садови и санитарии со додатни елементи.

Признанијата и наградите ги врачија директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули и неговиот заменик Мите Костов.