Албанците од Косово ќе можат слободно да работат во Албанија

39

erion-veliajСекој граѓанин на Косово и Прешево ќе може да се вработи во Албанија, без притоа да мора да извади дозвола за работа, пренесува албанскиот портал albeu.com.

Оваа вест ја соопшти албанскиот министер за социјална политика, Ерион Велиај, кој нагласи дека Албанците од Косово и Прешево ќе можат слободно да работат во Албанија.

“Го либерализиравме пазарот на труд со Косово, а сега ја отстранивме и последната бирократска процедура, а тоа е издавањето на работни дозволи. Косовските Албанци немаат потреба да аплицираат за дозвола за работа или сертификат за вработување. Секој граѓанин на Косово и Прешево може слободно да аплицира за работа во Албанија“, рече Велиај.

Според него, 80% од кандидатите за работа од Косово се од малите и средните претпријатија.