Француската влада донесе уредба со која се става ембарго за преземање на домашни стратешки компании од страна на странски инвеститор, што може да претставува пречка за американски General Electric во обидот да купи дел од Alstom.
Таа уредба на државата и дава многу поголеми овластувања за блокирање на преземање на домашни компании од странци, посебно во енергетиката, водоснабдувањето, трговијата, телекомуникацискиот и здравствениот сектор. Секој обид за аквизиција во иднина ќе мора да добие согласност од министерство за економија.
Француската влада не даваше знаци дека разгледува таква мерка, иако министерот за економија и индустрија, Арно Монтебург отворено зборуваше дека е против понудата на General Electric за купување на енергетскиот дел на Alstom и наместо тоа заговараше европско поврзување на таа француска компанија со германски Siemens.
Alstom претходно најави дека понудата на General Electric, вредна 16,9 милијарди долари, ќе ја разгледа до крајот на овој месец, додека Siemens размислува да поднесе обврзувачка понуда.
“Оваа уредба ни го олеснува патот за продолжување на разговорите со General Electric и Siemens, кои покажаа интерес за Alstom и ќе овозможи да се земат во предвид нашите барања“, рекол извор близок на Монтебург за Reuters, додавајќи дека тоа не значи дека ќе се искористи правото на вето.
Целта на оваа уредба, како што се наведува, не е да ги одбие странските инвеститори, туку работи во интерес на нацијата за да се осигураат стратешките сектор во земјата.
Франција има 1% од капиталот на Alstom, а пред десетина години тој инженерски гигант го спаси од финансиски колапс.