Невербална комуникација – седум работи што не треба да ги правите на интервју за работа

803

Кога одите на интервју за работа, мора да бидете свесни дека ќе бидете оценети не само за знаењето што го поседувате и искуството што го имате, туку и за вашата невербална комуникација.

Кога некого ќе сретнете за прв пат, евалуацијата несвесно започнува. Неверојатно голема количина на неврони се активираат во мозокот и работат за да детерминираат дали веруваат дека личноста е веродостојна, сигурна и допадлива. Впечатокот е базиран пред се на невербалната комуникација, односно на говорот на телото. Затоа од моментот кога ќе пристигнете на интервјуто за работа, па до заминувањето, морате да внимавате на гестовите и невербалните знаци. Овие седум гестикулации не треба да ги правите на интервју за работа:

1. Лошо држење на телото

Секогаш бидете свесни за својата положба. Луѓето не сфаќаат дека интервјуто за работа започнува во чекалната. Со цел да ве перцепираат како сигурна личност, мора да седите или стоите исправено. Оваа позиција ги менува хемикалиите во мозокот, прави да се чувствуваме посилни и посигурни, и тоа му дава на надворешниот изглед кредибилитет, сила и виталност.

2. Лошо ракување

Луѓето имаат тенденција да ја покажат својата личност со силно ракување и влечење надолу. Но, овој гест му кажува на лицето што ве интервјуира дека имате потреба да се чувствувате моќни. Наместо тоа, ракувањето треба да биде природно, со палците во нагорна положба. Исто така секогаш треба да почекате лицето што ве интервјуира прво да ја пружи раката.

3. Испотени дланки

Нема ништо полошо од ракување со некој кој има влажни дланки. Ако ви се потат дланките, одете до тоалетот и држете ги зглобовите неколку минути под ладна вода. Ова ќе ви даде суви дланки за околу 10 минути, и така првото ракување ќе биде претставително, а не несигурно.

4. Недостаток на контакт со очите

Бидете сигурни да им понудите соодветен контакт со очите. Ако не сте го направиле тоа, лицето што ве интервјуира ќе претпостави дека сте несигурни, дека немате соодветен одговор за поставеното прашање, или дека лажете.

5. Гестикулации

Играњето со косата, допирање на лицето или било кој друг вид на гестикулации може да остави лош впечаток. Исто така тоа покажува недостаток на енергија.

6. Расеаност или рамнодушност

Не треба да се нишкате на столот или нервозно да ги мрдате нозете. Ова може да му покаже на лицето што ве интервјуира дека ви е досадно. Наместо тоа, покажете интерес со малку наведнато тело нанапред и со климање на главата.

7. Насмевка

Насмеани луѓе покажуваат доверба, отвореност, топлина и енергија. Тоа исто така предизвикува слушателот да ви се насмевне назад. Без насмевка на лицето, индивидуите често ги доживуваат како мрачни или непријатни.

Фото: Pexels