Користење финансии од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој

49

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес повика на користење финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година. Ова се однесува на инвестициите за модернизација на земјоделски стопанства, како и преработка и маркетинг на земјоделски производи.

Земјоделските стопанства, трговските друштва, задругите и правните лица, можат да аплицираат за користење финансии наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од корисникот, во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции, доколку поинаку не е определено.

Доделената финансиска поддршка е неповратна.

Сите заинтересирани треба да ги достават пополнетите барања до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој до 28 декември.

За подетални информации може да се обратите во контакт центарот на Агенцијата на тел. (02) 3097-460 или на е-маил адреса: [email protected], како и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.