Прилепска пиварница со добивка од над 107 милиони денари во 2013

44

pivarnica

Прилепска пиварница ја заокружи 2013 година со нето добивка во висина од 107.206.235 денари, стои во одлуката за усвојување на годишна сметка, објавена на Македонска берза.

Во текот на минатата година, компанијата остварила приходи во висина од 1.433.632.990 денари, додека на страната на расходите се евидентирани 1.322.307.985 денари.

Остварената добивка од 107.206.235 денари, според одлуката на менаџментот на Прилепска пиварница, ќе биде поделена на дивиденда на приоритетните акции и тоа во износ од 95.496 денари, додека остатокот од 107.110.739 денари се пренесува во акумулирана добивка.