Прилепска Газоза со нова природна состојка

117

gazozaУникатниот македонски безалкохолен пијалак, Прилепска Газоза, ги имплементира новите производни стандарди и воведува природни бои. Последните насоки на регулативата на европските закони наложуваат во сите безалкохолни пијалаци да се користат природни бои.

Со овој чекор Прилепска Газоза го задржува истиот состав, докажаниот квалитет и препознатливиот вкус на круша, само дополнително е подобрена со воведувањето на природна боја. Прилепска пиварница е една од првите компании во Македонија во индустријата на пијалаци, која за овој тип на пијалак ги има спроведено барањата на eевропската регулатива за употреба на природни бои во своите производи.

„Нашата желба да ги следиме модерните трендови во индустријата на пијалаци и желбата да влијаеме позитивно на современиот начин на живот со употреба на што е можно поприродни состојки во нашите производи. Поради тоа ги исфрламе од употреба вештачките бои во еден од најпродаваните домашни безалкохолни пијалаци во Македонија, употребувајќи природна боја која дополнително ќе значи предност при купувањето на ваквиот тип на пијалаци. Искрено се надеваме дека консументите ќе го препознаат тоа и како и секогаш ќе не поддржат во нашите намери да дадеме производ кој ќе биде произведен по највисоките стандарди за квалитет препознатлив во многу држави во светот”, изјави Верица Спиркоска, бренд менаџер на Прилепска пиварница.

Прилепска Газоза е најпродаваниот домашен безалкохолен пијалак. Нејзиниот единствен и автентичен вкус е ценет и баран и на странските пазари. Газоза се извезува во околните балкански земји, но и во Австрија, Швајцарија, Шведска, Австралија и САД.