КХВ: Томовски в.д. директор на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје

52

Томо Томовски ќе биде именуван за вршител на должност – директор на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје, соопшти Комисијата за хартии од вредност (КХВ).

Мандатот на Томовски ќе биде шест месеци, односно функцијата ќе ја врши до 10 ноември 2014 година.

Согласно законските прописи, КХВ може да даде времено решение за согласност за именување директор на овластено правно лице во случај кога кандидатот ја извршува функцијата вршител на должност на брокерска куќа за период не подолг од шест месеци.

Комисијата за хартии од вредност ваквото решение го донесе врз основа на Одлука на Одборот на директори на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје со која Томовски се назначува за извршен член на Одборот на директори на Иново Брокер АД Скопје.