Винарската визба Тиквеш Скопје во 2013 година оствари нето добивка во висина од 1.570.391 денари, стои во одлуката за усвојување на завршната сметка на компанијата, објавена на Македонска берза.
Тиквеш лани оствари приходи во висина од 1.143.086.927 денари, додека расходите биле на ниво од 1.138.140.611 денари. Бруто добивката на Тиквеш изнесува 4.946.316 денари, а на данокот од добивка отпаѓаат 3.375.925 денари.
Менаџментот на компанијата донесе и одлука за распределба на остварената добивка, така што 15% или 235.559 денари остануваат како законски резерви, додека остатокот од 1.334.832 денари се наменети за нови инвестиции во текот на оваа година.