Маркетинг трик на Red Stripe – разиграна продавница

Агенцијата KesselsKramer ги изненади љубителите на пивото Red Stripe во една навидум обична продавничка во источен Лондон. Имено, секогаш кога некој купувач ќе посегне по лименка пиво во ладилникот, продуктите на полиците почнуваат да танцуваат и забавата почнува.

Луѓето во ова видео не се актери, туку случајни купувачи кои прво се изненадени, а потоа ја прифаќаат играта и се создава една весела разиграна атмосфера.

За снимањето на рекламата се користени 10 скриени камери, 750 метри кабел и 12 метри LED светла. Погледнете за што станува збор.