Турција ќе гради вештачки остров – полумесечина и ѕвезда

57

Турскиот архитект Метин Хепгулер понуди проект – вештачки остров, инспириран од турското национално знаме, вреден 2,4 милијарди долари, пишува Hürriyet.

Хепгулер го осмислил островот да има облик на полумесечина и ѕвезда со пет крака. Проектот е подготвуван три години и сега е патентиран и доставен пред министрите. Доколку владата го одобри проектот, островот ќе се гради крај брегот на западната провинција Измир или покрај Мармара во Мраморното море.
Островот може да се изгради за 45 месеци, вели Хепгулер, додавајќи дека на него ќе има стотици вили, резиденции, хотели, центри за релаксација и хелиодром. Интерес веќе покажале германски, швајцарски и арапски инвеститори, како и домашни и странски банки.

Познатиор турски архитект очекува премиерот Реџеп Таип Ердоган да одобри започнување на проектот во 2013 година.