ФИНКИ е повторно хуман

ФИНКИ (Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство), е повторно хуман, зема учество во проектот “Еднаков пристап за лица со посебни потреби преку сервисното учење”, проект кој е помогнат од Американската Алумни Асоцијација.

Интерактивната апликација за е-учење “Тутор за Македонскиот знаковен јазик”, наменета за помош во изучувањето на јазикот на глувите, одлично се прифати и почна да се имплеметира во установи кои имаат потреба од неа.

Оваа апликација е изработена од студентот од ФИНКИ, Марјан Ѓуровски, под менторство на проф. д-р Невена Ацковска и асс. м-р Магдалена Костоска. Тимот на ФИНКИ го предводеше од проф. д-р Ана Мадевска Богданова.