Во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето денеска во Охрид ќе се одржи прва Актуарска конференција на која ќе учествуваат предавачи, професори и претставници на Регулаторот за осигурување на ЕУ и од Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори.
Целта на конференцијата е да ги собере актуарите и супервизорите од регулаторните тела во регионот со цел да обезбеди размена на искуства и натамошно промовирање на професијата актуар.
Актуарите имаат важна улога во спроведувањето на супервизијата во однос на прашањето за финансиската стабилност и солвентност на друштвата за осигурување.