ОТО Мебел со донаторска акција за опремување на интернатот во с. Љубанци

77

Македонската компанија за изработка на мебел OTO Мебел маркет започнува со донаторска акција наменета за опремување на просторија во Интернатот Гоце Делчев во с. Љубанци. Дел од продажбата на мебел на ОТО Мебел маркет за времетраење на Аутлет саемот од 6 до 15 јуни, ќе биде одвоена за опремување на дневниот престој на интернатот.

„Секаква помош, во каква било форма, за нашиот Интернет е добредојдена, а особено кога станува збор за обезбедување на подобри услови за задоволување на основните потреби на децата. Многу ни е драго дека граѓаните, а се почесто и компаниите не забораваат на нас и донираат се повеќе и повеќе во нашето училиште“, изјави Силвана Терзиева, директорката на Интернатот Гоце Делчев.

За ОТО Мебел, приоритет во нивните хуманитарни активности бил Интернатот кога ги воочиле потребите на децата.

„Општествената одговорност за нашите брендови ОТО Мебел маркет и Технокооп не е нешто ново. Покрај фактот дека 40% од нашите вработени се со инвалидитет, секогаш кога можеме донираме мебел онаму каде што е најпотребно. Среќни сме кога помагаме, а особено кога таа помош е наменета за деца. Овој пат, дел од средствата остварени од продажбата на мебелот на ОТО Мебел маркет за време траењето на Аутлет саемот ќе бидат пренасочени во опремување на интернатот“, изјави Тони Божиновски, директор на ОТО Мебел маркет.

Во моментов во Интернатот се згрижени 15 деца на возраст од 6 до 16 години. Сите тие потекнуваат од дисфункционални и социјално загрозени семејства, така што секој гест на грижа и внимание за нив предизвикува дополнителна мотивација за успешна социјална инклузија.