Бензините поскапи за половина денар

39

Benzin

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44%, односно за 0,31%.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 82,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е V) останува 68, а на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) 57 денари за литар.

За 0,235 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 41,871 денари за килограм.

Како причина за зголемување на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,49% пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,86% повисокиот курс на доларот во однос на денарот.