Проектот 100 најголеми во стопанството во Босна и Херцеговина, што Пословне новине го реализира веќе 27 години, и оваа година додели признанија на водечките компании во земјата според остварените резултати во минатата година.
Пословне новине, во соработка со агенцијата ТЕС, ги рангираа компаниите во БиХ според постигнатите резултати во 2013 година. Рангирани се големи, средни и мали компании според вкупниот приход, нето добивка, извоз и инвестиции.
“Резултатите од работењето на 100-те најголеми во БиХ покажуваат дека нивниот вкупен приход во 2013 година изнесува 10,12 милијарди евра, малку повеќе од 2012 година. Вкупните инвестиции на најголемите 100 лани изнесувале 1,18 милијарди евра, а вкупно извезле преку две милијарди евра”, вели Алена Ахметспахиќ Фочо, уредник на Пословне новине и на специјалното издание 100 најголеми во Бих, пишува Хабер.
На церемонијата што пред два дена се одржа во Сараево, во категоријата големи компании, најголем приход во 2013 година остварила Оптима група Бања Лука, најголема нето добивка БХ Телеком, а најголем извозник е Превент БХ Високо.
Во категоријата средни компании, и по остварен вкупен приход и по најголема нето добивка на прво место е Спорт вижн Бијелина, а по остварен извоз прва е Петролинвест Сараево.
Во категоријата мали компании, според остварен вкупен приход на прво место е COBA Automotive, според добивката прва е Телегруп Бања Лука, а според извозот Метакс Бугојно.
Најголем инвеститор во БиХ се ЈП Автопатишта ФБиХ Мостар.
Специјалното признание Сребрен печат за вкупни резултати во 2013 година и е доделено на компанијата Sisecam Soda Лукавац.