УКИМ домаќин на Меѓународна конференција за евроазиски економии

47

На Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј денеска ќе се одржи Меѓународна конференција за евроазиски економии 2014.

Конференцијата е во организација на Бејкент Универзитетот од Турција, Туркманас Универзитетот од Киргистан, а домаќин е Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Најавени се обраќања на деканот на Економскиот факултет проф. д-р Љубомир Дракулевски, проректорот за меѓународна соработка на УКИМ проф. д-р Мери Цветковска и проф. д-р Мехмет Емир Карахан, ректор на Бејкент Универзитетот од Турција.

На работните сесии на конференцијата со свои трудови ќе се претстават околу 200 истакнати професори од регионот на Евроазија.