На пазарот во БиХ, а особено во огласите, се појави нов хит – лажни безбедносни камери, пишува новинската агенција Патриа.
Поради економската ситуација во земјата, граѓаните се почесто поставуваат лажни безбедносни камери на своите куќи, станови, викендици и други објекти за да се заштитат од крадците.
Лажните камери изгледаат идентично како вистинските и тешко е да се направи разлика. Разликата се гледа во цената. Лажните се многу поевтини и можат да се набават по цена од шест до 25 евра.