Преку Kickstarter досега собра над 34.000 долари за да прави салата од компири

47

salata od kompiri

Crowdfunding платформата Kickstarter даде поддршка за повеќе проекти за прилично кратко време. Оваа платформа минатиот месец ги ублажи строгите правила поврзани со проекти за чија реализација може инвеститори од целиот свет да побараат помош. Со други зборови, доколку е легално, тогаш Kickstarter дозволува да се собираат средства.

Зак Браун од Охајо одлучил да побара само 10 долари за да направи салата од компири. Неговиот проект сега има над 3.060 донатори, а досега собрал над 34.056 долари.

“Правам салата од компири. Тоа е се што правам. Се уште не одлучив дали ќе ставам оцет или мајонез“, напишал Зак.

Се започнало како шега, а сега се претвори во вистински проект. Браун планира дел од парите да ги потроши за изнајмување на простор каде што ќе се прави салатата, а неговата цел е начинот на подготовка на салата да го пренесува на интернет.

Некои му предлагаат да направи салата од 10 долари, а остатокот од собраните пари да ги донира во хуманитарни цели, пишуваат американските медиуми. Но, тоа не е во рамки на правилата на Kickstarter, бидејќи донаторите на тој начин ќе учествуваат во нешто што не е дел од првичната замисла на проектот.