Ray – робот што сам ги паркира автомобилите на аеродромот во Дизелдорф

42

ray

Патниците на аеродромот Дизелдорф во Германија повеќе нема да имаат потреба сами да ги паркираат своите автомобили. Аеродромот започна да го употребува роботот Ray што има задача да ги паркира автомобилите на точно определен простор, пишува Вашингтон пост.

Идејата е патниците да немаат пречки при влезот и излезот од аеродромот и тоа да го направат за мошне брзо време. Возачот може да го остави својот автомобил на означеното место од каде роботот ја презема работата во свои раце.

imrs (1)

Сензорите на местото каде што се оставаат автомобилите ги мерат димензиите на возилото и ги испраќаат информациите до роботот. Тој се прилагодува за дадениот автомобил и истиот го носи до крајната точка – предвидениот паркинг простор.

Ray се движи со брзина од шест метри на час. Роботот се движи со помош на ласерска навигација и софтвер за мапирање.

imrs (2)

Компанијата што стои зад овој “паметен“ робот – Serva Tranposrt System во својот софтвер ги интегрира податоците за летот и багажот на патниците, така што Ray ќе знае кога автомобилот треба да излезе од гаражата, кога е моментот на пристигнување на авионот. Доколку летот се одложи, Ray ги добива и тие информации.

lead_large

Главниот извршен директор на компанијата, Руперт Кох, тврди дека употребата на Ray ќе значи зголемување на капацитетот за паркирање за најмалку 40%. Користењето на овој робот патниците ќе ги чини 40 долари дневно или 5,50 долари за еден час.

Кох тврди дека Ray може да функционира без надзор, но на аеродромот се уште има еден вработен што ја следи работата на Реј и им помага на патниците за полесно да ја користат услугата.