Лимитирана едиција на црн пастув од Swarovski за 8.025 долари

132

1

Според кинескиот хороскоп, 2014 година е година на Коњот. Познатата куќа за изработка на накит Swarovski одлучи да го прослави тоа со изработка на посебна едиција на коњ од црн кристал.

2

Лимитираната едиција од 888 парчиња ја дизајнираше Хајнц Табертсхофер, а коњот чини 8.025 долари. Овој црн пастув ја симболизира силата и слободата каква што всушност имаат коњите.

3

Секој пастув доаѓа со потписот на дизајнерот Хајнц Табертсхофер и логото на брендот со посебен број, за клиентите да бидат сигурни дека имаат еден лимитиран примерок.