Започна проектот за изградба на 30 придружни објекти по автопатите

40

Започна реализација на проектот за изградба на 30 придружни објекти по автопатите, магистралните и регионалните патишта низ државата.

Во првата фаза веќе се утврдени девет локации за изградба на бензински пумпи, мотели и други придружни комерцијални објекти по трите автопатишта кои се градат во државата. Од нив, две се локации по автопатот од Кичево до Охрид во близина на селата Мислешево и Смилево, три се локации на потегот Демир Капија – Смоквица во близина на месноста Миравци и Милетково и четири локации по трасата на новиот автопат Скопје – Штип во близина на Свети Николе, Пеширово и Сопот.

“Веќе отпочнаа процедурите кои водат кон изработка на урбанистичко-планската документација”, рече портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Тој рече дека се очекува процедурите да бидат готови до крајот на годинава или почетокот на идната.

Деветте локации ќе бидат понудени на продажба преку јавна електронска аукција.

Се очекува да бидат утврдени дополнителни локации за изграба на вакви објекти на автопатиштата и на магистралните и регионалните патишта во државата.